Ветераните од УЧК не треба да се залажуваат дека тие ќе успеат да спречат да се дознае вистината за нивните злосторства, бидејќи ние многу брзо и ефикасно ќе започнеме кампања наменета за нашата и меѓународната јавност, кога ќе се откријат сите сторени брутални злосторства направени од нивна страна, вели Милован Дрецун, претседател на работната група на собранискиот Одбор за Косово и Метохија за собирање факти и докази за расветлување на злосторствата врз припадниците на српскиот народ и другите национални заедници.

Тој ги демантира обвинувањата изнесени од секретарот на Организацијата на воени ветерани на УЧК, Фатон Кљинаку, дека тие четири илјади досиеја што некој анонимно им ги донел пред врата на нивното Здружение, содржеле „комуникација“ помеѓу Специјалното обвинителство за злосторства на ОВК и Обвинителството од Белград од сослушувањата што се водени за време и по завршувањето конфликтот, а Србија ги водела со притисок врз обвинетите и заканувајќи им се со смрт.

Да потсетам дека Специјализираното обвинителство е формирано врз основа на законот што беше донесен во приштинскиот парламент, вели Дрецун.

Второ, ние не криеме дека имаме многу значајна база на податоци и документи и дека располагаме со имињата на потенцијални сведоци за злосторствата извршени од страна на УЧК, вели тој.

Сите надлежни органи на Република Србија многу педантно ги собраа сите податоци за злосторствата извршени за време и по конфликтот, и секако ги ставивме на располагање на Специјализираното обвинителство, бидејќи нашата цел е да ја утврдиме вистината и да ги казниме сторителите, рече Дрецун.

Меѓутоа, сега имаме сосема поинаква ситуација кога терористите од УЧК се обидуваат да ја сокријат вистината и да ги компромитираат доказите со кои располага Србија. Ние никогаш не сме ја криеле соработката со Специјализираното обвинителство, бидејќи нив им е потребно сите што располагаат со одредени информации да им ги достават тие информации, вели тој.

Република Албанија, на пример, знае многу за злосторствата врз Србите, но и врз Албанците извршени од терористичката ОВК.

Нашата работна група ги стави на располагање податоците за кои се интересираше Специјализираното обвинителство и тие ако дојде до судски процеси треба да бидат верификувани, односно потврдени и да се прифатат како докази на суд. Значи, немаме ништо фалсификувано, туку имаме силна документација. Тоа всушност нè загрижува, бидејќи Албанците очигледно сакаат да ја компромитираат нашата документација, како и Судот и Обвинителството, објаснува Дрецун.

Тој очекува објаснување од Специјалното обвинителство и не е многу јасно зошто молчат на сето ова, затоа што треба да кажат што е точно во сето ова и како таа документација стигна до ова Здружението на ветерани на УЧК.

Како можеше да се извадат толку многу документи од Специјализираното обвинителство? Тие прашања ќе треба да ни ја разјаснат целата ситуација, за да можеме да видиме како тоа ќе се одрази на иднината на процесот, како и утврдување на одговорните за злосторствата извршени од УЧК, вели Дрецун.

Целата документација со која располагаме ќе ја објавиме, а јас лично преку Работната група ќе ги презентирам тие документи пред меѓународната јавностзатоа што ќе започнеме меѓународна кампања за да го покажеме обемот на криминалните активности на терористичката УЧК, најави Дрецун.