Во последните седум дена во Турција и Албанија, тамошните власти накратко ги притворија ветераните на УЧК Имри Иљјази и Муртез Кастрати, по потерници на Интерпол, а на барање, како што тврди Приштина, на српското правосудство.

Министерката за надворешни работи на Косово, Мељиза Харадинај Стубла рече дека претставниците на централните институции во Приштина не треба да учествуваат во дијалогот со Белград, сè додека српските власти не ги повлечат потерниците за апсење против припадниците на поранешната Ослободителна војска на Косово, издадени преку Интерпол.

Во последните седум дена во Турција и Албанија, тамошните власти кратко ги притворија ветерантите на ОВК, Имри Иљази и Муртез Кастрати, по потерниците на Интерпол, и на барање, како што тврдат во Приштина, на српското правосудство.

Србија, како агресивна страна, која не се извини и не ги донесе пред лицето на правдата воените злосторници кои убиле, масакрирале, силувале, уништиле и украле, не треба да имаат можност да седнат на масата за дијалог, а притоа да ги ажурираат потерниците за политичко апсење против ослободителни борци и кои го бранеа својот праг – изјави Харадинај Стубла за приштинските медиуми.

Поранешниот регионален командант на УЧК, Шукри Буја, и се придружи на Мељиза Харадинај Стубла, велејќи дека дијалогот е безначаен доколку Белград не престане со дипломатски напади.

Буја вели дека локалните институции треба да ги замолат земјите што ја признале независноста на Косово да не го признаваат списокот на Интерпол за да ги гонат членовите на поранешната УЧК.

Приштинските аналитичари сметаат дека „прогонот на поранешните припадници на УЧК доаѓа како резултат на неефикасноста на косовските институции“, кои не успеаја да го внесат Косово во Интерпол пред неколку години.


Напишете коментар