Резултатите ќе бидат готови до септември оваа година.

Pfizer-Biontech и Moderna го прошируваат капацитетот на своите клинички испитувања на вакцини против ковид кај деца на возраст од 5 до 11 години, по препорака на Управата за храна и лекови на САД (FDA).

Кога започнале студиите, од Фајзер и Модерна било побарано да вклучат 3.000 деца на возраст од пет до 11 години.

Фајзер претходно објави дека резултатите од тестирањето за вакцини кај деца на возраст од 5 до 11 години ќе бидат готови до септември.

За потсетување, ФДА одобри вакцинирање на деца на возраст од 12 до 15 години уште во текот на оваа пролет. Од Агенцијата и од производителите постојано е потенцирано дека вакцините се безбедни и ефикасни, а исто така е откриено дека за време на клиничките испитувања кај младите, тие поттикнуваат силен имунолошки одговор на организмот.

Повеќе од седум милиони тинејџери веќе биле вакцинирани во Соединетите држави, според информациите на Центарот за контрола и превенција на болести.