фектите од Ковид-10 ќе траат со децении. 

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Габрејесус вели дека глобалната пандемија на новиот коронавирус е вид катастрофа, чии ефекти ќе траат долго во иднината. 

Од опасниот вирусот починаа повеќе од 670.000 луѓе откако избувна во Вухан, а дијагностицирани се повеќе од 17 милиони заразени лица.

„Првичните резултати од серолошко истражување даваат конзистентна слика: најголем дел од светската популација останува подложна на вирусот, дури и во области што се сериозно погодени од заразата. Многу земји што веруваа дека најлошото заврши, сега се соочуваат со ново ширење на инфекцијата. Некои земји што беа сериозно погодени во последните неколку недели, сега бележат зголемување на бројот на инфекции и смртни случаи“, истакна Тедрос.

Но, има и мали земји каде досега ниту еден човек не починал од вирусот. 


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *