Угостителите и дадоа 5 дена рок на Владата да ги усвои нивните барања. Незадоволни и револтирани од тоа што со првите мерки од новиот пакет, Владата реши да поддржи компании кои многу подобро работат од нив, побараа итна средба во Владата и до 25 јануари да се прифатат нивните предлози со кои очекуваат дека секторот ќе биде помогнат.

Владата, со донесената прва мерка од петтиот антикризен пакет, на ‘локомотивите’ – членки на Стопанската комора им подари 162,4 милиони евра, а на угостителите и натаму неосновано и неоправдано со времена одлука им го цепка и ограничува работното време и правото на работа.

Со вчерашните изјави на министерот Крешник Бектеши и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како угостители, доживеавме ладен туш среде зима, дознавајќи дека првата одлука од очекуваниот 5-ти сет мерки е новогодишен подарок и честитка за ‘локомотивите’ на Стопанската комора“, се вели во реакцијата на НУК.

Вицепремиерот Битиќи вели дека угостителите не се заборавени. Како и сите други сектори, досега биле финансиски поддржани и ќе продолжат да ги помагаат.

Велат дека мора да се работи до 23 часот затоа што веќе трпат многу големи зауби.