Украинските сили вечерва со минофрлачи го нападнаа градот Горловка во Донбас, објавија властите на Народната Република Доњецк.

Како што се наведува, на Горловка паднале вкупно 10 мини со калибар од 82 милиметри.

Овој град се наоѓа на самата линија на разграничување на Донбас, на растојание од околу 40 километри од Доњецк.

Претходно, заменик-шефот на народната милиција на ДНР, Едуард Басурин, рече дека не е исклучено Киев да изврши одредени провокации за време на прославата на Велигден.

Како што рече, разузнавачките служби забележале дека украинските сили доставуваат муниција до контактната линија.

Да потсетиме, во Донбас се во сила дополнителни мерки за да се обезбеди примирје, кое целосно забранува меѓусебни престрелки, распоредување оружје во близина на населени места, офанзивни, извиднички и диверзантски акции.