Украинската команда започна да ги повлекува странските платеници, или таканаречените “кучиња на војната”, од позициите на фронтот во Донбас, изјави портпаролот на Народната милиција на Народната Република Луганск, Јаков Осадчиј.

За да се спречат понатамошни скандали, поврзани со учеството на странски државјани во единиците на вооружените сили на Украина, кои учествуваат во конфликтот во Донбас, командантот на операцијата „Заеднички сили“ Владимир Кравченко нареди итно повлекување на сите странски државјани од првите борбени редови.

Украинското воено раководство сака да бидат пронајдени и отстранети сите видеа каде што може да се потврди учество на странците во украинската армија. Тоа посебно се однесува на оперативно тактичките региони Север и Исток.

Многу Хрвати се борат во регионот Исток во Украина, што го потврди и поранешната министерка за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ, која истакна дека Хрватите се борат исклучиво од украинската страна.

Повеќето Хрвати се во баталјонот Азов. Хрватските борци велат дека дошле да им помогнат на необучени украински војници на ист начин како што Украинците им помагале на Хрватите во нивната домовинска војна.

Меѓу платениците се бројни Полјаци, членови на злогласните Blackwater, како и платеници од земјите на Европската унија!


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *