Охрид сѐ поблиску да стане дел од листата на загрозени светски вредности. Мониторинг мисијата на светската организација со низа забелешки за кои сметаат дека е невозможно да се спроведат за кус период.

„Јас безброј пати сум кажал низ сите наши изјави и разговори дека статусот на Охрид во УНЕСКО никогаш не бил во прашање. Прашањето сега е дали Охрид ќе остане членка, запишан во Листата на УНЕСКО, меѓутоа ќе биде ставен на таа листа во опасност, што значи дека ние поажурно и поревносно ќе мора да пристапиме кон решавање на проблемот“, изјави Константин Георгиевски- градоначалник на Охрид.