Сподели

Ураганот „Исаја“ направи хаос на Бахами и сега се движи кон брегот на Флорида каде што во Мајами веќе се затворени плажите, пристаништата и парковите.

Гувернерот на државата, Рон Де Сантис прогласи вонредна состојба за окрузите долж Атлантскиот брег каде се очекува ударот на ураганот да биде најсилен.

Градоначалникот на Мајами, Карлос Химендес изјави дека претходно биле отворени 20 центри со почитување на мерките против ширењето на Ковид-19. Властите ги советуваа граѓаните од загрозените подрачја властите да набават залихи на храна, вода и лекови.

Властите во Северна Каролина наредија евакуација на островот Окракок кој минатата година беше опустошен од ураганот „Доријан“.

Се очекува ураганот да го погоди брегот на САД со ветрови со брзина од над 135 километри на час со потенцијал интензитетот уште повеќе да се зголеми, соопшти Американскиот национален институт за урагани во Мајами.


Сподели