Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи соопшти дека во градската болница „8 Септември“ во Скопје, на 64-годишна возраст, поради компликации поврзани со ковид-19, починал докторот Арификмет Деари, уролог од Тетово.

Деари бил хоспитализиран поради невролошки проблеми, но бил позитивен и на коронавирусот. По 15 дена болничко лекување, ја загубил битката со болеста.

– Доктор Деари беше само на неколку месеци до пензионирањето, тој е првиот лекар кој почина од компликации со коронавирусот – постираше Филипче кој изрази жалење и длабоко сочуство до семејството.

Министерот воедно упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *