ЕУ планира да им даде на 70 отсто од возрасната популација барем една доза вакцина против КОВИД-19 до крајот на јули, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, цитирана од Еуроњуз.

Урсула фон дер Лајен рече дека блокот ќе постигне колективен имунитет порано отколку што се очекуваше, благодарение на зголемените резерви на вакцини.

Уверени сме дека ќе можеме да ја зголемиме нашата амбиција и да кажеме дека сакаме 70 отсто од возрасната популација во Европа да бидат вакцинирани уште во јули, рече таа.

Првичната цел на Комисијата беше да ја достигне целта од 70 отсто до крајот на летото, некаде во септември.

Фон дер Лајен го објави ова при посетата на фабриката за производство на Фајзер во Пуерс, Белгија, заедно со белгискиот премиер Александар Де Кроо, извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла и коосновачот на БиоНТех, Озлем Турекчи.

И покрај првичните проблеми во првиот квартал, кога снабдувањето беше нередовно и производството страдаше од разни проблеми, ЕУ сега може да смета на стабилна набавка, која ќе продолжи да се зголемува во наредните месеци, додаде претседателот на Комисијата.

На почетокот на овој месец, Комисијата објави дека компаниите ќе и обезбедат на ЕУ дополнителни 50 милиони дози во вториот квартал или вкупно 250 милиони.

Оваа дополнителна серија беше потврдена неколку дена откако Џонсон и Џонсон“ решија „превентивно“ да го запрат ширењето на својата вакцина во Европа поради сомнителни случаи на многу ретка тромбоза. Ширењето на оваа единечна вакцина сега се очекува да продолжи.

Вон дер Лајен рече дека ЕУ ќе ја надмине пандемијата „држејќи се до науката и индустријата“.

Според Фон дер Лајен, фабриките со седиште во ЕУ од декември досега извезле 155 милиони дози вакцини во 87 земји во светот.