Последователните потреси од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ги објаснија како афтершокови, кои се со помала јачина од главниот потрес од 5 степени утрово

Уште два земјотреси со јачина од 3,8 и 3,6 степени според Рихтер се регистрирани денеска во временски период од еден ипол час, покажувваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Првиот бил напладне во 11.59 минути со јачина од 3.8 според Рихтер со епицетар како што стои во информацијата, на 38 односно 36 километри југозападно од Тетово.

Вториот пак, бил во 13.26 по локално време со јачина од 3,6 степени според Рихтер, но иако според јачината е послаб од првиот, тој бил повеќе почувствуван и е во категоријата 5.