Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека тој ќе биде првиот човек во таа земја што ќе ја прими вакцината Спутник V против ковид 19.
Тој изјавува дека е задоволен што Русија ќе биде првата држава што ќе го вакцинира своето население и дека тој ќе послужи како пример во Венецуела.
Мило ми е што Русија ќе биде прва во светот што ќе го вакцинира своето население“, рече Мадуро во својот телевизиски настап.
Ќе дојде време кога сите ќе се вакцинираме, а јас ќе бидам првиот. Одам да ја добијам вакцината, ќе послужам како пример “, истакна Мадуро.
Руската вакцина против ковид 19, наречена Спутник V, е прва во светот што доби официјално одобрение и веќе влезе во производство. Според руските власти, околу дваесет земји изразиле интерес за неа. Датумот на испорака на вакцината во Венецуела сè уште не е познат.
Според најновите податоци добиени од центарот за вируси Џоан Хопкинс, Венецуела потврди над 33.750 случаи на инфекција, а 281 лица починаа.