Во бегалскиот камп Морија, на грчкиот остров Лезбос, избувна уште еден пожар, јавува агенцијата Анадолија.

Кампот Морија е познат по многу лошите услови за живот на мигрантите кои се наоѓаат во него. Тој е најголемиот бегалски камп во Грција.

Во кампот избувна пожар во вторникот вечерта, уништувајќи го поголемиот дел од кампот. По првиот, избувна уште еден пожар во кампот во кој се наоѓаат околу 12.500 мигранти.

Локалните медиуми велат дека најголемиот камп за бегалци во земјата повторно гори.

Мигрантите ги напуштија шаторите во кампот. Многумина се упатија кон центарот на градот. Околу 2.000 мигранти ќе ја поминат ноќта на еден патнички и два воени брода.

Околу 400 малолетници без придружба вечерва и изутрината со три авиони ќе бидат префрлени во камповите на северот на земјата и во Атина.

Кампот Морија, во кој се сместени околу 12.500 мигранти, е во карантин поради откриени 35 случаи на КОВИД-19 од минатата недела.

Пожарот избувна во раните утрински часови. Пожарникарите и полициските екипи излегле на лице место. Специјални полициски екипи поставија барикади околу кампот за да спречат мигранти да се движат кон центарот на градот.

Во Берлин се одржаа демонстрации за поддршка на бегалците од кампот Морија на Лезбос за да се побара нивна итна евакуација.