„Драги мои роднини, пријатели и сите што ова ќе го прочитате, дојде момент да немам друг избор и помош да барам јавно. Јас сум Југослав и сум пациент на клиниката за белодробни заболувања во комплексот Мајка Тереза, позитивен на Ковид-19 и со лоша клиничка слика. Се борам за секој нареден здив, вода пијам голтка по голтка со многу вложен труд и болка бидејќи грлото ми е во рани од кашлица и исплукување крв. Клиниката е преплавена со заболени, лекарите и сестрите борци се борат како последните упорни херои, жртви на воен фронт“, објави тој вчера на Фејсбук.