Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) утрово објави дека земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер, кој ги разбуди жителите на централна Хрватска во 6:15 часот утрово , беше 38-ми земјотрес почувствуван во Хрватска во последните 49 часа. 

Единаесет минути подоцна, истата област беше погодена од уште еден земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а три минути подоцна беше почуствуван земјотрес од 3,9 степени според Рихтеровата скала, што значи дека тоа е последниот е 40-тиот земјотрес почувствуван во последните 49 часа.

Треба да се нагласи дека станува збор за земјотреси што се почувствуваа, бидејќи всушност имаше повеќе земјотреси во Хрватска, но не сите беа почувствувани.

По разорниот земјотрес што вчера ги уништи Петриња и околните места, тлото постојано се тресе. 

Според информациите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска, утрово, 30 декември, во 6:15, 6:26 и 6:29 часот, сеизмолозите на Сеизмолошката служба забележале три силни земјотреси со епицентри недалеку од Петриња.

Големината на земјотресите била 4,7, 4,8 и 3,9 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот бил седум и шест степени од скалата ЕМС.

И двата денешни земјотреси се послаби од вчерашниот земјотрес со 6,2 според Рихтер во Петриња.

Во вчерашниот земјотрес загинаа седум лица.