Пејачот и учесник во Задругата Гаги Џогани, беше уапсен доцна синоќа во Белград.

Тој беше уапсен откако полицијата пронајде нелегални супстанци во неговиот автомобил.

Џогани бил запрен од полициската патрола во близина на Пупиновиот мост во Белград, а при претресот на неговото возило пронашле две вреќички со кокаин.

Неговиот брат Џоле Џогани рече дека е шокиран:

Шокиран сум, се слушнавме пред ден-два. Разговаравме нормално, невозможно е да им се вратил на пороците, рече тој.

Џогани не криеше дека претходно конзумирал недозволени супстанци. Таткото на Луна Џогани зборуваше за овој проблем во Задруга.

Минатата година, во едно телевизиско интервју тој одговори кога започна да се дрогира. Немам проблем да одговорам. На 38 години. Толку доцна. Инаку, пред тоа живеев тотално здраво, бев спортист, играв, танцував. Се изгубив, отидов во аут и тоа е тоа, рече тој.