Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Грција на покана на шефот на грчката дипломатија Николаос Дендиас.

На средбата меѓу двајцата министри ќе бидат отворени теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и акцискиот план за соработка и имплементацијата на договорот за стратешко партнерство.

Предвидено е потпишување на неколку меѓународни документи. Е се разговара и за политичките актуелности во регионот и регионалната соработка, особено за неговата европска и евроатлантска перспектива.