Јелена Ѓоковиќ не го крие воспитувањето на своите деца, синот Стефан и ќерката Тара, туку таа јавно зборува на оваа тема секогаш кога ќе се укаже можност.

На почетокот на годината, сопругата на Новак Ѓоковиќ, додека беше во Србија, зборуваше на панелот Иднината е сега и откри како ги воспитува своите деца.

Тие мене ме воспитуваат и ме превоспитуваат уште од првиот ден. Јас не ги воспитувам. Поради нив, свесна сум колку уште треба да растам и ги согледувам своите грешки. Ми покажуваат дека повеќе не можам да мислам дека знам подобро од нив. Тие се толку чисти, без грешки, предрасуди, одат во светот со таква желба и невиност.

Покрај тоа, Јелена додаде дека нејзините деца се првата генерација на деца што никогаш не биле тепани.

Моите деца се првата генерација деца кои никогаш не биле тепани. Јас добивав некоја воспитна од моите родители, мајка ми пред мене, татко ми, баба ми и дедо ми, родителите на Новак исто така, но нашите деца не.

Таа го објасни својот метод и верување дека со агресијата не може да постигне ништо, особено да се постигне примерно и добро воспитување на децата.

Но, тоа не е се, таа има уште еден, слободно можеме да кажеме необичен метод кога станува збор за образованието. Како што еднаш напиша списанието Стори, таа не дозволува децата да имаат свеќички на нивните роденденски торти.

Сите палевме свеќи во манастирите и црквите во Косово за живите и починатите, за здравје и мир. Свеќата е симбол на несебична жртва, таа самата гори за да им даде светлина и сјај на другите. Тоа е симбол на животот и просветлувањето, отстранувањето на стравовите и темните мисли од нашите умови и срца и предавање на светлината Божја.

Како тогаш ја прифативме традицијата да го прославуваме раѓањето на животот со гаснење на свеќата на тортата додека замислуваме желба?! Се прашував и посакав барем да го сменам тој обичај во мојот дом, наведе Јелена.