Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во средата објави дека вакцинирањето против коронавирус во Хрватска ќе започне на 27 декември, како и во другите земји на ЕУ и дека досега се обезбедени 5.905.000 дози, со цел да се вакцинираат најмалку 70% од граѓаните. Првите количини на вакцината ќе се користат за вакцинирање на здравствени работници кои ќе стапат во контакт со болни пациенти и кои се изложени на ризик од заразување со корона, како и за вработените и корисниците на домовите за стари лица, а потоа во втората фаза за постарите и хроничните пациенти.

Вакцината ќе биде бесплатна и ќе се вакцинира на доброволна основа, а Планот за вакцинација, усвоен од Владата денес, предвидува таа да се одвива во сите окрузи истовремено, рече премиерот.