Оваа информација на својот Твитер профил ја сподели Мухамед Јусиќ, амбасадор на Босна и Херцеговина во Саудиска Арабија.

Саудиската агенција за борба против лажните вести објави дека не се точни вестите дека вакцините против Ковид-19 содржат состојки од свинско потекло.

Оваа информација на својот Твитер профил ја сподели Мухамед Јусиќ, амбасадорот на Босна и Херцеговина во Саудиска Арабија.

Јусиќ исто така достави напис од списанието „Њузвик“ каде се демантира таквата вест.

Салман Вакар од Британското исламско медицинско здружение (БИМА) за Њузвик изјави дека вакцината „Фајзер“ нема никави состојки кои не се халал.

Агенцијата за лекови и здравствени производи, исто така, потврди на својата веб-страница дека вакцините на компаниите „Фајзер“ и „БиоНТех“ против Ковид-19 не содржат никакви компоненти од животинско потекло.

Во изјавата на БИМА на почетокот на овој месец за вакцината се вели дека таа не содржи состојки од животинско потекло (т.е. нема желатин) и дека ниту еден производ не е добиен од феталните клетки.

Вакар рече дека „халал аспектот на оваа вакцина е снимен од неколку научници, од сунитско и шиитско потекло во Велика Британија, но и на меѓународно ниво“.

Во написот во Њузвик се наведува дека Јусуф Шабир објавил фатва, која била одобрена од муфтијата Шабир Ахмад и Мухамед Тахир и советничката од NHS, Мавлана Калингал Ријад, во која се наведува дека вакцината е „халал врз основа на достапните информации“.