Испораката ќе биде намалена се додека таа американска компанија не ги зголеми капацитетите на своето производство.

„Ова привремено намалување ќе влијае на сите европски земји“, стои во соопштението од Институтот.

Во соопштението стои дека очекувале да добијат 43.875 дози на вакцини од Фајзер наредната недела, но дека наместо толку, сега ќе добијат 36.075 дози.

Од Институтот велат дека денес нешто пред 10 часот дознале дека испораките ќе бидат намалени, а тоа е, последица на ограниченото производство во Фајзер чија цел е зголемување на капацитетите на две милијарди дози вакцини годишно во однос на моменталните 1,3 милијарди.

„Се уште не е јасно колку време ќе биде потребно за Фајзер да го достигне максималниот капацитет на производсто“, порачуваат од норвешкиот институт.