Научниците сè уште немаат одговор на прашањето дали постојните вакцини против корона спречуваат само тешки симптоми или ја спречуваат самата инфекција. Ова прашање е клучно во борбата за колективен имунитет.

Prizor iz Kelna

Вакцинацијата може да го ублажи тешкиот тек на болеста или, во најдобар случај, да ја спречи целосно. Но, сè уште нема сеопфатни студии за тоа колку долго штитат вакцините и колку го потиснуваат ширењето на вирусот. И пред сè: нејасно е дали вакцинираните лица сепак можат да бидат заразни.

Според претходните сознанија, 95 проценти од оние кои примаат две дози од вакцината Бајонтек – Модерна ќе бидат заштитени од потешки симптоми. Тој процент е постигнат со клиничка студија со 36.621 лице.

Кај повеќето луѓе, одобрените вакцини против вирусот беа многу ефикасни. Ова се однесува на сите возрасни и родови групи. Луѓето кои не биле вакцинирани имаат девет пати поголема веројатност да се заразат.

Сепак уште долго научниците велат дека нема да кажат со сигурнст дека доколку примиме вакцина нема да можеме да бидеме заразени со ковид-19. Останува да видиме и да се надеваме дека се ќе биде во ред.