Откако Калифорнија објави за одредени проблеми во врска со вакцината на МОДЕРНА, почнаа и дилемите и перипетиите на медицинските лица во САД и со оние кој што се веќе вакцинирани.

Како што е добро познато и по вакцинирањето пациентите треба да носат маски.

Социјалните мрежи во САД се преплавија со објави зошто би носеле маски кога вече се вакцинирани. Еден од нив напиша дека овде некој си тера мајтап со нив, односно зошто се вакциниравме кога пак носиме маски? Се сомневате ли во вашата вакцина ?

Медицинските лица во Америка велат дека се препорачува да се носи маската и понатаму, пред се поради заштита на тие што не го имаат прележано коронавирусот.