Сподели

Руските здравствени власти се подготвуваат за масовна кампања за вакцинирање против коронавирусот, која ќе започне во октомври, соопшти Министерството за здравство.

Медиумите ја објавија изјавата на Михаил Мурашко, кој рече дека лекарите и наставниците ќе бидат првите што ја примиле вакцината.

Ројтерс објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека потенцијалната вакцина на Русија може да биде одобрена овој месец.

Сепак, постојат сомневања за начинот на кој тестираат Русите, а водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи рече дека „се надева дека Русија, но и Кина, навистина ќе ја тестираат вакцината пред таа да му биде доставена на некого“.

Тој рече дека Соединетите држави треба да имаат „безбедна и ефикасна“ вакцина до крајот на оваа година.

Да потсетиме, скоро целиот свет е вклучен во потрагата по вакцината, а во моментов дури 20 потенцијални вакцини се на клинички испитувања.

Мурашко рече дека Институтот Гамалеј ги има завршено клинички испитувања и дека се подготвува регистрација на овој лек.

Планираме поширока вакцинација во октомври – рече тој,

Минатиот месец, руските научници изјавија дека почетната фаза на истражување во тој институт се завршени и дека резултатите се успешни.


Сподели