Темелите на болницата Валтер Рид, каде се лекуваше Доналд Трамп, ги постави поранешниот Претседател на САД, Френклин Рузвелт, кој дури и нацрта скица за тоа како треба да изгледа институцијата. Првенствено е наменета за војници, но обезбедува медицински услуги на американската политичка елита, членови на Конгресот и Врховниот суд.

Набргу откако објави дека има коронавирус, американскиот претседател Доналд Трамп беше префрлен со хеликоптер во престижниот Национален воено-медицински центар Валтер Рид во Бетесди, Мериленд, на лекување. Тоа е објект од светска класа, специјално прилагоден за Врховниот командант и во него се лекувале бројни американски претседатели.

Болницата има претседателски и апартман за првата дама, како и независна област каде што претседателот и мала група, вклучително и лекар од Белата куќа, можат да живеат и да работат.

Просторот, кој за разлика од остатокот од зградата е под контрола на Белата куќа, има своја единица за интензивна нега, кујна, трпезарија и неколку дневни соби, вклучувајќи барем една обезбедена просторија што може да се користи како конференциска сала или канцеларија. Постои и простор што може да го користи шефот на кабинетот на Белата куќа додека претседателот е таму.

Кабинетот на докторот во Белата куќа во петокот соопшти дека се очекува Трамп да биде во болница неколку дена.

Трамп не е единствениот претседател кој се лекувал во оваа институција, која има свои корени пред повеќе од еден век.

Американските претседатели редовно се лекуваат во таа болница, уште од Френклин Рузвелт, кој го постави камен темелникот за тоа. Првенствено е наменета за војници, но обезбедува медицински услуги на американската политичка елита, членови на Конгресот и Врховниот суд.

Поранешниот потпретседател Ричард Никсон беше лекуван кај Валтер Рид од инфекција со стафилокока во 1967 година, а поранешниот претседател Двајт Ајзенхауер почина таму во 1969 година откако беше хоспитализиран девет месеци заради проблеми со срцето.

Поранешната прва дама Мејми Ајзенхауер почина една деценија подоцна, исто така во Валтер Рид.

Местото каде што ќе биде болницата го избра Френклин Рузвелт, архитект-аматер, кој дури и нацрта скица за тоа како мислеше дека треба да изгледа болницата.

Претседателот Линдон Џонсон ги покани камерите во својата болничка соба по операцијата на жолчното ќесе во 1965 година. Откако почнаа да кружат теории на заговор дека бил опериран од нешто друго, тој им ги покажал своите лузни на новинарите.

Среде аферата Вотергејт, која го чинеше претседателско место, Ричард Никсон беше лекуван во болницата поради вирусна пневмонија во јули 1973 година.

Белата куќа тогаш јавно ги објави температурата и рентгенските снимки на Никсон, информација што Белата куќа на Трамп одби да им ја покаже на новинарите во саботата.

Претседателот Роналд Реган беше опериран од рак во болницата во 1985 година. Кога беше отпуштен, тој беше пречекан пред болницата од редови на војници и воен бенд. Лекарите исто така ја оперираа првата дама Бети Форд во болницата во 1974 година, од рак на дојка.

Пред две години, првата дама Меланија Трамп беше оперирана таму поради проблеми со бубрезите.

Многу порано, 16-годишниот син на поранешниот претседател Калвин Кулиџ почина во болница во 1924 година од труење на крвта.