Соединетите држави заплениле товар од четвори танкери кои превезувале иранска нафта во Венецуела во име на Исламскиот револуционерен гардиски корпус ( ИРГЦ ) а таа организација Вашингтон ја смета за терористичка групација.

Запленети се повеќе од еден милион барели нафта, што е најголемото колочество заплената иранска нафта од страна на САД, се вели во соопштението на Министерството за правда на Америка, потврдувајќи ги информациите објавени во Вол Стрит Журнал.

Министерството соопшти дека на 2 јули до федералниот суд во Вашингтон поднело тужба и налог за заплена и одземање на товарот од танкери со нафта Бела, Беринг, Панда и Луна, кои биле на пат кон Венецуела.

Владата извести дека успешно запленила околу 1,12 милиони барели нафта, се вели во соопштението. Со помош на странските партнери, запленетиот товар сега е во рацете на САД.

Во соопштението не се наведува кога или каде биле запрени бродовите, но претседателот Доналд Трамп изјави дека танкерите се наоѓале во Хјустон, Тексас.

Иран не треба тоа да го прави, предупреди тој.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *