Бугарија ја блокираше Северна Македонија бидејќи се плаши од Источна Македонија. А Источна Македонија за Бугарите е Пиринска Македонија.

Кога американската дипломатија со Скопје и со Атина го договараше името Северна Македонија само од Бугарија доаѓаа сигнали дека за нив е неприфатливо тоа име. Затоа не треба да чуди редоследот на потезите. Прво беше потпишан договорот со Бугарија, а тоа е 2017 година, а потоа во 2018 година беше потпишан Преспанскиот договор.

Ова не значи дека името Северна Македонија е добро, ова само значи дека Бугарите не се согласуваат со името Северна Македонија. Дури не се согласуваат е благ израз-Бугарите се сериозно загрижени со името Северна Македонија.

За Бугарите секогаш беше проблем геогравска одредница кон името Македонија. За нив многу поприфатливо е името Република Македонија од името Северна Македонија.

Две имиња беа подвлечени со црвено од страна на официјална Софија и беа дефинирани како сериозна опасност за бугарската стратегија. Тоа се имињата Северна и Вардарска Македонија. И во давата случаи на Бугарите им виси околу вратот Пиринска Македонија. Ако има Вардарска има и Егејска и Пиринска Македонија. Ако има Северна има и Јужна ( Егејска ) и Источна ( Пиринска Македонија ).

Пиринска Македонија и македонското малцинство се ахиловата пета на Бугарите. Ако има македонско малцинство во Бугарија и денес 40 години по смртта на Тито и 70 години по Коминтерната тогаш кој го создава денес тоа македонско малцинство во Бугарија!? Или тоа малционствио не е од никого вештачки создадено туку е домицилно население во Пиринска Македонија со векови како што со векови се чуствуваат како Македонци.

Затоа за Бугарите беше неприфатливо името Северна Македонија и тоа е капислата која почна да ги комплицира односите меѓу Софија и Скопје. Бугарија навиваше за име Нова Македонија и потоа таа Нова Македонија и тие ново Македонци ќе се спојат со стара Бугарија. Или име Горна Македонија која го туркаше Љубчо Георгиевски. Ако има Горна има и Долна Македонија и толку. Нема лева и десна Македонија.

Затоа е ставено бугарското вето. За да можат Бугарите да се спасат од македонскиот контекст на Источна, односно Пиринска Македонија.

Ова е дел од вчерашната анализа на емисијата Во Центар. Новата емисија Во Центар ќе биде емитувана вечерва ( 22 часот ) на youtube каналот Vasko Eftov.