Во интервју на српската Национална телевизија Тв Хепи, новинарот Васко Ефтов имаше интервју на тема односите меѓу Македонија и Бугарија и бугарското вето за оптпочнување на преговорите меѓу Македонија и Бугарија.

На прашањето на новинарката какви проблеми со бугарите има Северна Македонија, Ефтов одговори: Не знам какви проблеми има Северна Македонија, знам какви проблеми има Македонија.

Според Ефтов Бугарите од Македонија бараат работи кои ние не можеме да ги остварме и да ги прифатиме а тоа се дека имаме заедничка историја, дека имаме заеднички историски личности и дека македонскиот јазик е западно бугарски дијалект. Со својата глупава политика, вели Ефтов Бугарите изградија кинески зид меѓу двете држави и двата народи.

На прашањето на новинарката дали очекува и што очекува да се случи околу бугарското вето, Ефтов одговори дека многу се помали шансите да има разврска во декември, а дека се многу поголеми шансите после бугарските парламентарни избори на пролет идната година.

Според Ефтов јасно беше дека која од двете држави прва ќе влезе во ЕУ и НАТО дека ќе ја уценува, односно условува другата. На наша несреќа бугарите пред нас влегоа во ЕУ и во НАТО, вели тој и сега се обидуваат да ја искористат или да ја злоупотребат својата позиција.

Сега Бугарите поставуваат услови кои се манифестација на бугарските историски комплекси, кои се резултат на поразите на Бугарија во првата и втората Балканска Војна, првата и втората Светска Војна каде Бугарите губат околу македонското прашање. Всушност историјата покажува дека таму македонското прашање може да предизвика балканска војна.

Големо ни е името затоа сите не сакаат. Ретко ќе најдете име или настан од Балканот кои се запишани во Библијата. Македонија е затоа предмет на такви уцени и притисоци.

На прашањето на новинарката како македонските граѓани го прифаќаат тоа, Ефтов одговори дека ние и до сега не се сакавме со Бугарите но сега веќе постои вистинска омраза меѓу двата народи.

Што ќе се случува понатаму, праша новинарката? Ефтов одговори: Ништо, ќе победи животот!