Новинарот Васко Ефтов имаше гостување и мини интервју на националниот канал ТВ Хепи во Србија. Предмет на разговорот беше состојбата околу македонско бугарските односи и бугарското вето.

Во моментот кога Бугарија влезе во ЕУ и во НАТО ние знаевме дека ќе поминеме низ овој процес. Тоа е исто како да Србија или Косово влезе пред вас во ЕУ и почне да ви поставува услови. Тоа е суштината, рече Ефтов и додаде:

Важно е кој ќе влезе прв. Тие влегоа пред нас и сега не уценуваат. Ние тоа нема да го прифатиме или нема да ги прифатиме сите нивни уцени и ќе се бориме до крај.

Тоа го иритира народот, вели тој. Македонците се многу лути на Бугарите. Сега меѓу Македонците и Бугарите има и е подигнат еден еден Кинески зид и тој кинески зид е поголем од големиот кинески зид во Кина.

Ние никогаш не се сакавме со Бугарите, но сега се мрзиме, оценува тој.

Според Ефтов, на крајот ќе победи животот. Македонското име е старо неколку милениуми. Тоа е најстаро име. Тоа се наоѓа во библијата. Големо е нашето име и сите сакаат да го земат. Тоа е проблемот на Македонија. Таа е јаболко на раздорот на Балканот. И првата и втората балканска војна настана поради Макединија. Балканските војни секогаш се водат поради Македонија.

Целиот разговор можете да го погледате овде: