Во последните 30 години Македонија имала една широка влада, во 2001 година, кога беше потпишан Рамковниот Договор и две пржински влади, во 2016 и 2020 година, кои требаа да траат сто дена, но нивниот рок на траење беше многу подолг. И во трите ситуации државата поминуваше и поминува низ тешка политичка агонија.

Владата на Никола Кљусев, која траеше година и половина, повеќе беше полуекспертска и полупартиска влада отколку класична техничка влада. Таа Влада го спроведе референдумот 1991 година, но падна по изгласувањето на т.н. Лисабонска Декларација 1992 година кога од Македонија се бараше да го смени своето уставно име со ново име во кое нема да биде содржано името Македонија.

Новинарот Васко Ефтов смета дека техничка влада ја носи државата во колапс. За новинарот Ефтов денес постојат две Македонии и за тие две Македонии е потребно да има: ” Преспански Договор тие две партиски и цивилизациски Македонии да почнат да се разбираат а дури потоа да се договараат меѓусебно”

Во продолжение го објавуваме во целост фејсбук статусот на Васко Ефтов:

Порано мислев дека широка или техничка влада е добро решение за Македонија. Сега станува јасно дека таква влада ја носи…

Posted by Vasko Eftov – Vo Centar on Monday, 1 June 2020

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *