Новинарот Васко Ефтов гостуваше кај супер популарниот јутјубер Стефанатор и одговараше во “90 секунди “:

Васко не е Васко без?

Без моите деца и емисијата.

Кој гостин ви бил најдобар за дебата од сите досега?

Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.

Највкусно јадење од македонската кујна?

Сарма, мусака.

Колку години постои “Во Центар” и уште колку ќе постои?

Од 1999 постои со име во Центар и ќе постои додека сум жив.

Знаете ли отприлика колкава бројка на епизоди имате снимено досега во својата кариера?

Мислам 900, не ги бројам, околу 900 до илјада. Повеќе од 4.000 интервјуа.

Со која личност од светот најмногу би сакале да снимите интервју?

Можеби Путин, Емир Кустурица, Таип Ердоган.

Што го опушта Васко?

Музика, социјалните мрежи и некоја книга.

Една најдобра серија на сите времиња?

Отпишаните.

Каде би живееле ако не тука?

Во Порторож или во Љубљана.

Предмет во училиште кој најдобро ви одел?

Историја сум го сакал најмногу.

Дали сте строг татко?

Не сум.

Колку често користите социјални мрежи?

Многу користам.

Еден месец без кола или еден месец без интернет?

Еден месец без кола. Не користам многу кола, пешки одам.

Која своја особина би ја промениле?

Тврдоглавост.

Дали би промениле нешто во својата кариера ако се навратите наназад?

Веројатно да, би променил многу работи.

Како дете што сонувавте да станете?

Пилот, лекар и спортски коментатор.

Најдобар животен совет?

Да го правиш тоа што го сакаш, а кога ќе донесеш одлука да направиш обратно.

На кој филм секогаш му се враќате?

Кум 1 и 2.