Официјален Ватикан побара од Instagram да започне истрага за тоа како од официјалниот профил на папата Франциск е лајкната фотографија од разголена манекенка од Бразил, пренесе Guardian.

Станува збор за фотографија од Наталија Гарибото, на која е облечена во училишна униформа. Фотографијата беше лајкната од профилот на папата на 13 ноември. Следниот ден лајкот беше отстранет.

За целиот случај се дозна кога агенцијата за која работи Гарибото објави фотографија со лајкот на Instagram, со коментар дека добиле и официјален благослов од папата.

Случајот го коментираше и Гарибото, која има 2,4 милиони обожаватели на социјалната мрежа.

Официјалниот профил на папата го води тим составен од неколку луѓе, а од Ватикан велат дека е исклучена можноста фотографијата да е лајкната оттаму, па бараат објаснување од Instagram.

Папата лично не ги пишува објавите, но ги одобрува и не става лајк на ничии објави.