На денешната седница на Кризниот штаб на Република Србија, беше одлучено да се воведат ковид пасоши или ковид пропусници на територијата на цела Србија.

Според пишувањето на белградски, Блиц, указот за воведување сертификат за ковид треба да биде усвоен на утрешната седница на српската влада.

Кризниот штаб одлучи дека пропусници нема да бидат потребни за аптеките и продавниците.

Меѓутоа, според информациите на Блиц, се уште нема сигурни информации за кои услужни активности ќе важи валидноста на пропусницата, но сигурно е дека ќе се користи за ноќни клубови и барови.