Грција ги отвори своите граници, но плажите сè уште се полупразни. Никој не се сеќава дека плажите околу Солун биле толку празни на 17 јуни. Во сите претходни години се бараше повеќе простор. Сега коронавирусот изремети сè.

Патем, во солунскиот регион, според некои информации, во последните два дена дошле меѓу 8.000 и 10.000 туристи од Србија, кои го преминале преминот Кулата-Промахонас меѓу Бугарија и Грција.

На плажите ќе ве пречекаат чадори кои се разделени на четири метри и секој чадор може да има само две лежалки. Секој чадор е обележан одделно и оставени се податоци.

Нема повеќе шведска маса, добивате спакуван оброк во чинија, а масите се оддалечени два до три метри.


Напишете коментар