Судбината на Михаел Шумахер е повеќе од тажна …

Дојде и тој датум. Промоцијата на документарниот филм за славниот возач која бееше закажана за 15 септември, но нема да биде онака како што луѓето замислуваа.


Емоцијата е таму, приказната сепак ќе биде за самиот Шумахер, трките, личност. Дури и сега, светот нема да види како е денес славниот ас.

Толку долго по несреќата, никој нема точни информации како е славниот Германец. Сепак, излегува дека едно предвидување било сосема точно.

Неврохирургот Ерик Редерер изјави дека Шумахер е во вегетативна состојба, а потоа додаде два охрабрувачки факти: може да седне и да направи „бебешки чекори“. Но, за жал, како што рече, ништо повеќе од тоа.

Сосема е јасно дека светот никогаш повеќе нема да го види Шумахер…