Во официјалното соопштение се наведува дека руските поморски сили ќе одржат маневри од 8 до 22 септември.

Во услови на растечки тензии меѓу Турција и Грција околу правото на експлоатација на морските наоѓалишта на природен гас и нафта, Анкара објави дека руската воена морнарица ќе одржи маневри со боево стрелање во Источниот Медитеран.

Оваа држава издаде два навигациски телекси (Навтекс) со предупредувања во Источен Медидеран каде што ќе се одржат руските поморски маневри.

Во официјалното соопштение се наведува дека руските поморски сили ќе одржат маневри од 8 до 22 септември и од 17 до 25 септември во деловите на источниот Медитеран каде се движат турски истражувачки бродови.

Турската Радио Телевизија јавува дека, според најавите од Одделот за хидрографија и океанографија на турската морнарица, руските сили ќе спроведат две одделни вежби за стрелање од двете страни на островот Кипар.

Официјална Москва досега не одговори на најавата на Турција, која дојде откако Соединетите држави соопштија дека делумно го укинуваат 33-годишното ембарг за увоз на оружје на етнички поделениот Кипар.

Со оглед на тоа дека Русија одржува значително воено присуство во Источен Медитеран, најавата на Турција за претстојните маневри може да се толкува како директна порака од Москва дека сепак е најсилната регионална сила, и дека не подлежи на ризик од делумно укинување на американското ембарго на Кипар.


Напишете коментар