Навивачката група “Гемиџии” од Велес и фанови на Борец од Велес денес одржаа мирен протест на кој што го искажаа својот револт против откажувањето на Кочо Анѓушев како спонзор на тимот.

No description available.

Тие протестираа за преиспиување на одлуката на бизнисменот Кочо Анѓушев да се откаже од спонзорството на тимот.

Борец е срцето на градот , без борец нема живот. – беа дел од паролите на велешани.

No description available.

Пред една недела Кочо Анѓушев рече дека се откажува од ФК Борец, откако изјави дека до сега имал вожено преу 1 милион евра и дека тоа е скапа инвестиција.

Дали тој ќе ја смени одлуката останува да видиме , велешани најавуваат нови протести се до добивање на нивната правда. Целта е да не дозволат згаснување на нивната единствена светла точка на градот – ФК БОРЕЦ.

Протестот помина во најдобар ред, со почитување на сите протоколи поради пандемијата.

No description available.