Властите во Велика Британија ја одобрија употребата на вакцината, изработена од Универзитетот во Оксфорд и британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека. Ова се наведува во соопштението објавено во средата од британското Министерство за здравство.

„Денес владата ја прифати препораката на Агенцијата за контрола на лекови и здравствени производи да дозволи употреба на вакцина за коронавирус од страна на АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд“, се вели во соопштението.

Ова го прави Обединетото Кралство прва земја што ја регистрирала вакцината.