Легендарниот кантавтор, Ѓорѓе Балашевиќ почина завчера на 67-годишна возраст. Од Балашевиќ се простија неговите сограѓани во центарот на Нови Сад и пред неговиот дом, белграѓаните запалија свеќи во близина на Домот на синдикатите и центарот Сава, но и цела поранешна Југославија, од Вардар до Триглав.

Вељко Ражњатовиќ, синот на Цеца и Жељко Ражнатовиќ Аркан, се огласи на својот Инстаграм профил и изрази поинаков став од другите. Имено, тој објави снимка од концертот што Балашевиќ го одржа во Загреб, на кој потоа им се обрати на присутните со овие зборови:

„Јас обично пеjам на мојот мајчин хрватски јазик, но има еден проблем, зборувам расипана верзија на хрватски јазик, т.н. српски, рече тогаш Балашевиќ, на што Вељко напиша:

“Србите, според старата проклета навика, самите врз себе мочаат! Затоа не не почитуваат, затоа сме секогаш виновни, и да ми извините, не е*е кој ќе стигне. Кој ти го вреѓа народот не заслужува помен, ниту да се сеќаваат на него. Кој Хрват би го поддржале да дојде во Србија и да го каже тоа што рече покојниот кантавтор г-дин Балашевиќ? А вие запрашајте се дали сте нормални да го е*ам и колку лица имате, напиша тој.