Инфектологот Вело Марковски повторно во акција. По изјавите од типот дека ковид-19 не е опасна вирусна инфекција, а дека реалната бројка на луѓе кои умреле од ковид во светот е од 100 до 200 илјади. Што значи дека ковид не е опасна болест.

Како и изјави од типот: Тие што тврдат дека ќе се врати вирусот наесен треба да објаснат од каде знаат, од каде им се изворите. Значи претпоставки се, се споредува со вирусот на грипот, меѓутоа, тука се работи за сосема различен тип на вируси.

И вистинитоста на анализите на доктор Вело се мери со фактот дека досега во светот од ковид-19 се починати 1,267,162 лица, односно во светот умреле ( досега ) од шест до 12 пати повеќе луѓе од овој неопасен вирус, како што вели Вело Марковски, во споредба со неговите математички прецизни проекции.

И како второт имаме втор бран на пандемијата во Европа каде што во една Словенија бројката на заразени на дневно ниво ја достигна границата од две илјади позитивни и поголем дел од Европа повторно воведе разни форми на карантин.

Сега доктор Вело Марковски ја проблематизира и терапијата за лекување од ковид-19 со лекот сумамед.

СУМАМЕД и КОВИД-19Сумамедот е антибиотик со генеричко име азитромицин. Откриен од страна на група хрватски научници во…

Posted by Velo Pavle Markovski on Monday, November 9, 2020

Сумамедот е антибиотик со генеричко име азитромицин. Откриен од страна на група хрватски научници во 1980 година, а Плива го патентира во 1981 година. Под името Зитромакс, фармацевтката компанија Фајзер добива ексклузивни права од страна на ПЛИВА Загреб за продажба на овој антибиотик во западните држави. Се работи за антибиотик од групата на макролиди (кои се прототип на еритромицинот), пишува на својот фејсбук профил Вело Марковски и додава:

Во 2005 година истекнува еклузивноста на патентот и овој корисен антибиотик почнуваат да го произведуваат многу фармацевтски компании под различни фабрични имиња (азимемед, азитромицин, зимакс, зитролид, хемомицин…). Со откривањето на сумамедот Хрватска стана една од малкуте држави во светот што имаат пронајдно нов антибиотик, кој од страна на СЗО е прифатен како неопходен (есенцијален) лек.

Според Вело Марковски, со почетокот на КОВИД-19 пандемијата, Сумамед (азитромицин) стана најпопуларен антибиотик, кој во почетокот се сметаше за единствен спас. Во голем број на држави на сите позитивни (со ПЦР) се даваше овој антибиотик, за среќа повеќето здравствени системи се откажаа од оваа нелогична, непотребна и штетна терапија. Притоа се заборавија основните начела од медицината базирана на докази во употребата на еден антибиотик. Прво, КОВИД-19 е вирусно заболување, антибиотиците (кои се наменети исклучиво за лекување на бактериски инфекции) немаат никакво дејство на вирусите. Вториот нарушен принцип е многу важен, давање на антибиотик за време на вирусна инфекција е ШТЕТНО, поради супримирање на нормалната флора во горнореспираторен тракт.

По вака изнесените тврдења Марковски директно им се обрати на матичните лекари, да не речеме им се закани, дека нема да можат да се вадат дека некој од горе им сугерирал каква терапија да користат бидејќи со таа терапија ги носат во опасност нивните пациенти.

Матичните лекари треба да сфатат дека лично одговараат за секоја постапка и секој даден лек. Теориите дека некој од горе рекол да се дава Сумамед (и плус уште некој антибиотик) ќе ги доведе нивните пациенти во голема опасност, а тие како лекари нема да можат никако да се оправдаат зошто давале антибиотик на вирусна инфекција.. Уште поголема грешка е откако еден ваков пациент лекуван со азитромицин и панцеф, развие пневмонија, (која со сите параметри во крвта е бактериска), да се продолжи лекување со азитромицин и третогенерациски цефалоспорин, пишува Вело Марковски.

Крајно време е Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести да реагираат. Или да прифатат дека терапијата која се користи во Македонија за лекување на ковид-19 е промашена и е штетна, или, ако не е така, конечно да се стави крај на оваа смислена фејсбук и политичка кампања да се креира неизвесност и политичка корона хистерија од страна на високи функционери на опозицијата.