Претседателот на Венето, Лука Заја, за италијанските медиуми изјави дека сојот на балканскиот вирус, кој доаѓа од Србија и останатите држави од регионот, е поагресивен од оној што досега е познат во Италија.

Лука Заја рече дека го изолирале вирусот од пациенти кои потекнуваат од Србија.

Имаме направено четири тестови и забележавме дека вирусното оптоварување е екстремно силно, вирусите се идентични едни на други, но припаѓаат на еден сосема друг кластер од оној што досега беше изолиран во Венето и во Италија. До денес не е можно да се поврзат специфични мутации со различна патогеност на вирусот, затоа што претходните истражувања не покажаа дека постојат клинички форми поврзани со мутација на вирусот, рече Заја.

Претседателот Венето нареди странците да бидат тестирани во тој регион, дека не станува збор за гетоизација, туку за грижа за здравјето на сите граѓани, пренесуваат медиумите.

Имено, во Венето се отворија нови жаришта, токму таму каде доаѓаше најголемата концентрација на луѓе од странство.

Ситуацијата во овој регион е во секој случај стабилна, под контрола, но навистина сме загрижени за оние видови вируси кои доаѓаат од странство, така што ја зајакнавме контролата, рече Заја.

Тој изјави дека станува збор за граѓани кои доаѓаат од Бенин, Србија, Молдавија, Конго и Македонија.

Потребно е Светската здравствена организација да ги идентификува земјите кои имаат проблеми, тоа е нешто што го повторувам долго време. Загрижувачки е и тоа што пациентите стануваат помлади, имаме случај на 23-годишна мајка од Камерун со шестгодишно дете и две близнаци од четири, сите позитивни за вирусот – рече Заја.

Во моментот, има двајца пациенти позитивни на вирусот во болниците во Венето, што е вкупно 144 пациенти, а девет од нив се на интензивна нега, од кои тројца се позитивни за вирусот, додека нема смртни случаи.


Напишете коментар