Вирусот е широко распространет во држата и секое мало невнимание значи зараза, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филиче.

Според Филипче за две до три недели сегашниоте мерки треба да ги дадат првичните резултати.

Како пред малку кажа министерот, во овој момент нема потреба од нови рестриктивни мерки. Тоа утринава било разговарано и заклучено на состанокот на Комисијата за раразни болести.

Министерот за здравство апелираше до граѓаниете да не излегуваат од дома. Ако нема потреба немојте да излегувате од дома, рече Филипче на прес конференцијата.

Филипче изјави дека лекарите и медицинскиот персонал се уморни но се надева дека и овој пат ќе бидат на висината на задачата и ќе се справат со кризата и овој нов есенски бран кој е доста силен.

Според Филипче очекуваме помош од Кина, а тоа се 60 нови медицински возила. Тоа е голема помош од Кина која беше пролингирана поради кризата со ковид-19.