Повеќе од еден месец бележиме стабилизација на епидемијата во земјата. Во споредба со месец декември, бројот на активни случаи е намален за 46 отсто. За 51отсто е намален и бројот на хоспитализирани пациенти. Да останеме одговорни, да продолжиме да ги почитуваме мерките за заштита, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на твитер.

Инаку во текот на вчерашниот ден беше објавено дека се регистрирани само 72 новозаразени од коронавирусот а биле направени 793 тестови, што ќе рече дека по долго време соодносот меѓу тестираните и заразените е паднат под границата од десет отсто.