Францускиот претседател Емануел Макрон им даде ултиматум на муслиманските лидери во Франција да изготват еден вид повелба со „републички вредности“ што ќе ја почитуваат сите муслимани во Франција во иднина.


Според Би-Би-Си, главниот напис на оваа повелба треба да биде заклучокот според кој исламот се дефинира како религија, а не како политичко движење.

Макрон го побара ова вчера на состанокот со исламските лидери и им даде рок од 15 дена .

Претседателот, исто така, бара да се напише допис во повелбата со кој експлицитно се забранува „странско мешање“ во муслимански групи во Франција.

Како што се наведува, Макрон најави и нови мерки за сузбивање на, како што истакна во неколку наврати, „исламски сепаратизам“ во Франција и предложи формирање на национален совет кој што ќе ја штити Франција од измами .

Франција е дом на најголемото муслиманско малцинство во Европа.