Јужноафриканскиот адвокат Стела Морис (37) се заљуби во Асанж (48) во текот на 2015 година, кога го посети за да се обиде на законски начин да се запре неговата екстрадиција во Соединетите држави.

Свршеницата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, за прв пат зборуваше за тоа како таа успеа да роди две деца со него додека тој беше затворен во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Габриел, кој сега има три години, а едногодишниот Макс се родил додека Асанж бил во амбасадата на Еквадор, каде добил политички азил во 2012 година, што траеше до минатиот април, кога беше уапсен.

Морис вели дека е среќна што го запознала Асанж кој го „смени светот“ со Викиликс.

  • Станавме пријатели и гледавме филмови заедно и јас само сакав да поминувам време со него. Беше многу романтично и слатко. Не беше лесно, но кога сте со некој што го сакате, можете да ги направите можни невозможни ситуации – рече таа за емисијата „60 минути“.

Кога забремени со Габриел, Асанж беше во амбасадата веќе четири години и се веруваше дека е под постојан видео надзор. Сепак, Морис вели дека нејзините синови биле зачнати во просторија што не била покриена со камери.

Џулијан имаше свој приватен простор, неговата соба и канцеларија немаа камери, изјави таа.

Морис откри дека таа и Асанж го ангажирале нивниот пријател Стивен Ху за да се претстави како татко на децата. Ху редовно ги носел Габриел и Макс во амбасадата за да го посетат неговиот татко. Морис никогаш не дошла во амбасадата во исто време со децата.

Таа тврди дека некои луѓе во амбасадата се сомневале дали Асанж навистина бил татко на децата, па еден член на обезбедувањето, наводно, планирал да украде пелена на Габриел за да направи ДНК тест.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *