Турскиот происламски весник „Герчек Хајат“ смета дека по враќањето на Света Софија во статус на џамија, време е за заживување на калифатот.

Здружението на правници во Анкара го обвини „Герчек Хајат“ за повик на востание и покрена кривична постапка против списанието, барајќи од Обвинителството да започне истрага.

Според нив, главниот уредник на весникот Кемал Озер и коментаторот Абдурахман Дилипак „предизвикаа омраза и повикаа на вооружен бунт против турската држава“.

Скандалот беше предизвикан од последниот број на списанието, на чија насловен беше испишано: „Подгответе се за калифатот. Ако не сега, кога ќе биде? Ако не ти, кој ќе биде? Интервјуто на самиот Дилипак, кој важи за конзервативен новинар, предизвика и голема бура во јавноста. Претходно тој повика на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да му биде доделена титулата калиф, која тој, според новинарот ја заслужува.

Портпаролот на владејачката турска партија АК, Омер Челик, рече дека списанието „во потрага по нездрава поларизација, ги доведува во прашање основните принципи на Турција“.

Сепак, Кемал Озер, главен уредник на списанието, рече дека критичарите погрешно ја разбрале пораката на весникот: „Нашето списание бара исламските земји да се обединат, исто како што се обединува Европа и формира сојуз, како што тоа го сторија и другите“. „Нашиот повик не е насочен против ниту една држава“, рече тој.