Ветерани од таканаречената УЧК започнаа протест во Приштина, откако ЕУЛЕКС го уапси претседателот на УЧК Хисни Гукати.

Според приштинскиот „Газета експрес“, ветераните сметаат дека одлуката за апсење на Гукати е неправедна.

Да ве потсетиме, специјалци на ЕУЛЕКС, маскирани и вооружени со автоматски пушки, упаднаа во канцелариите на организацијата што собира ветерани од т.н. Ослободителната војска на Косово и го уапси претседателот на тоа здружение.

Потоа Гукати беше изнесен од просториите на здружението во Приштина со лисици на рацете.

Се наведува дека не е позната причината за неговото апсење.

Исто така, медиумите објавија дека се очекува Гукати да биде префрлен во притворската единица во Хаг.