Македонскиот бисер Елиф Елмас вечерва нема да игра против Естонија, откако се пожалил на повреда на бутот, па се врати во Неапол и вчера се појавил во тренинг-центарот „Кастел Волтурно“, а на доаѓање направил – спектакл.


Младиот фудбалер за врска очигледно уште е во еуфорија и транс после пласманот на Македонија на Европското првенство, па додека новинар на „Скај Спорт Италија“, се вклучил во живо од пред тренинг-центарот, во тој момент со автомобилот Елмас му упаднал во кадар, па почнал да гестикулира, доволно Италија да се изнасмее.