Наполи ја оправда фаворитската улога против Кротоне со 4-0, лесна победа за нови три бода, екипата од Непол е на третото место по денешната средба.

Елиф Елмас влезе во игра од  клупата за резерви, доби можност за настап во 78минута. Головите за  Наполи ги постигнаа четири различни играчи, започна Инсиње, следуваа голови на  Лозано, Деме и Петања за убедлива  победа.